Услови на користење
1. Право на користење
2. Одговорност
3. Правила и прописи кои се применуваат на веб-страницата
4. аштита на авторските права
5. Разно
Користењето на веб-страницата „www.newyorker.de", како и сите други веб-страници на фирмата New Yorker, кои се
наменети за корисниците во Германија, подлежат на следните услови на користење.
Тие услови на користење
периодично се приспособуваат во склад со промените кои се случиле во меѓувреме. Корисниците не се изречно известени
за промените и условите на користењето. Затоа, повремено проверете дали тие услови на користење се менувани. Со
посетата на нашата веб-страница, Вие ги \прифаќате и тие услови на користење.
Ако сте помлад од 18 години, со оваа веб-страница можете да се служите само со одобрение од родителите или од законскиот старател. Заштитата на личните податоци на децата ја сметаме за исклучително важна. Затоа намерно не преземаме податоци од малолетни лица, освен ако за тоа не добиеме согласност од родителите или законскиот старател. Доколку видиме дека некое малолетно лице самото ги доставило своите лични податоци, без неопходната согласност, или ако некој доставил лични податоци за малолетно лице, тие податоци ги бришеме од базата.
1. Право на користење
Доколку во поединечни случаи не е договорено поинаку, Ви оставаме ограничено, исклучиво и непреносиво право на пристап, користење и приказ на веб-страницата и нејзината содржина на екранот од компјутерот за Вашите лични потреби и во склад со одредбите од овие услови на користење. Забрането е користење во комерцијални цели, а осебно за објавување на пропагандни материјали.
Го задржуваме правото да го ограничиме или да го прекинеме користењето на нашата веб-страница врз основа на сопствена одлука и без претходно известување, освен ако со Вас не сме склучиле договор со кој имаме договорено поинакви услови. Исто така, имаме право да ги деактивираме или избришеме лозинката, корисничката сметка (акаунтот) и целата содржина на корисничката сметка со моментално дејство, и да Ви оневозможиме секаков натамошен пристап до персонализираните услуги доколку ги прекршите овие услови на користење, или ако сте навеле неточни, непрецизни или непотполни лични податоци или доколку за тоа постои законски основано сомнение.
2. Одговорност
New Yorker секогаш ги презема сите неопходни мерки со цел информациите на веб-страницата да бидат точни и актуализирани. Меѓутоа, не можеме да гарантираме или да тврдиме дека тие информации навистина се точни и/или актуелизирани. Ви напомнуваме дека не ја \прифаќаме одговорноста за последиците од неможноста за пристап до нашата веб-страница. Затоа, го задржуваме правото во секое време да ја промениме или отстраниме содржината и услугите, освен ако со Вас немаме склучено договор со кој се договорени поинакви услови. Тоа значи дека не гарантираме за можноста од континуиран и непрекинат пристап до нашата веб-страница и не ја \прифаќаме одговорноста доколку пристапот до страницата не е можен од причини кои се вон наша контрола или ако податоците се изгубени од причини кои исто така се вон наша контрола.
Во случаите кога оваа веб-страница содржи линкови до веб-страници на некоја трета странка, содржината на таа друга веб-страница не е дел од содржината на нашата страница; напоменуваме дека не можеме постојано да ги следиме веб-страниците на другите компании. Линкот служи само за информација. Исто така, не гарантираме за достапноста до страниците чиишто линкови се наведени на нашата страница. New Yorker не е обврзан со закон да ги следи информациите кои се пренесуваат или меморираат или да бара случаи кои упатуваат на незаконски активности (чл. 7 од Германскиот закон за телемедиуми).
Доколку ја нудиме можноста за учество во интерактивни услуги, Вие самите сте одговорни за содржината која ја објавувате.
Нашата одговорност е неограничена во случај на намерно и грубо невнимание. Но, во случај на помали пропусти, одговорни сме само во онаа мера колку што сме ги прекршиле битните договорени обврски. Тоа ограничување се сведува на мерлива штета во склад со стандардните договорени одредби.
Не ја \прифаќаме одговорноста за индиректни загуби или штета, а особено не за изгубена добивка или нематеријална
штета. Не ја \прифаќанме ниту одговорноста за губење на податоците или друга штета нанесена на хардверската или
софтверската опрема која може да се должи на копирањето на материјал од нашата веб-страница.
Претходно
наведените ограничувања на одговорноста не се однесуваат на смртни случаи, на физички повреди или нарушена
здравствена состојба предизвикана од причини кои не се вон наша контрола, или на постапки покренати во склад со
законот за одговорност на производителот за производот.
Претходно наведените ограничувања во иста смисла важат и за вработените, законските претставници и помошните извршители во New Yorker.
Корисникот е одговорен за сите тешкотии кои му се нанесени на New Yorker поради неправилно или незаконско користење на веб-страницата или поради фактот дека не ги извршува своите договорни обврски, од причини кои не се вон негова контрола.
3. Правила и прописи кои се применуваат на веб-страницата (задолжителни правила на однесување)
Должни сте да наведете точни и целосни лични податоци, а особено Вашето име, презиме, адреса, телефонскиот број и и-меил адресата доколку тие информации се потребни за користење на персонализирани услуги. Исто така Ве молиме тие податоци, по потреба, да ги актуелизирате.
Правото на користење на веб-страницата и услуги се однесува само на Вас. Правата и обврските што произлегуваат од овие услови на користење не можат во целост или делумно да ù се пренесат на некоја трета странка. Доколку учествувате во форуми, четови, блогови или други интерактивни услуги, не смеете на други лица да им овозможите пристап до Вашата корисничка сметка (акаунт) или до лозинката; сметката и лозинката служат само за Вас како овластување за користење на веб-страницата и услугите.
Како корисник на интерактивни услуи, должни сте да ја чувате тајноста на Вашата лозинка и другите информации на корисничката сметка. Ако некој неовластено се служи со Вашата корисничка сметка, за тоа морате неодложно да нè известите писмено или по меил на info-datenschutz@newyorker.de. И во овој случај, Вие сте одговорни за неовластеното користење на веб-страницата. Во случај на било какви сомневања, \ќе морате да ги прифатите сите изјави дадени со користењето на Вашата лозинка или на другите информации од корисничката сметка.
Забрането е пренесување на материјал кој содржи штетна содржина (особено штетни програми) на веб-страницата, како и на други програми кои би можеле да ја загрозат или да ја попречат функционалноста на софтверската или хардверската опрема. Содржината што сте ја постирале во рамките на користењето на интерактивните услуги, мора да се филтрира со актуелизирана (апдејтирана) антивирус програма.
Не е дозволено постирање, дистрибуирање и/или овозможување пристап до содржина и/или до коментари кои се нелегални или неморални; тоа особено се однесува на изјави со кои се поттикнува расна омраза, се велича или се прави безопасно насилството, се велича војната, кои се порнографски или сексуално навредливи, кои можат да претставуваат ризик за децата и младите, или кои се осврнуваат на содржина со претходно спомнатите својства.
Забранети се постапки со кои се нарушува сигурноста на системот или мрежата или чија цел е да се постигне токму тоа, на пр. добивање на нелегален пристап или пренос на штетна пограма или постапки кои овозможуваат неовластен пристап.
5. Разно
Овие услови на користење се уредени со германскиот закон; не се применува конвенцијата на ООН за договори во
меѓународната подажба на стоки.
Ако некоја одредба од овие услови на користење нема правно дејство или стане
ништожна, или ако е во судир со законските одредби, тоа не влијае врз другите одредби. Странките се согласуваат
одредбата којашто престанала да важи, да ја заменат со друга која најблиску ја одразува финансиската цел на
одредбата што престанала да важи, и тоа на законски допустлив начин. Тоа аналогно се однесува и на сите пропусти.
Заедно со посебните услови за персонализирани услуги, со изјавата за заштита на податоците или со било кои други правила кои се применуваат на интерактивните услуги, условите на користење го претставуваат потполниот договор помеѓу Вас и New Yorker.